ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Експертите со критика за буџетот: Не е развоен туку социјален

Социјален, наместо развоен. Во предлог буџетот за наредната година над половина милијарда евра се наменети за плати, пензии, социјални транфери, наспроти 615 милиони за капитални проекти. Експертите пресметаа дека во изминативе 10 години социјалниот дел од буџетот е зголемен за 70%, додека зголемувањето за капиталните инвестиции е 10 отсто. Загрижува и растот на јавниот долг, пари кои некој во иднина ќе треба да ги враќа.

-Тој треба да се задржи на оптимално ниво од 50-52% од БДП, а не да достигне скоро 66%. Ова ниво на јавен долг носи одредени ризици и мерки кои ќе бидат потребни да се преземат, дали даночни или неданочни, во секој случај, некој ќе треба да ги враќа тие долгови. а јавнсота треба да знае што ја очекува, изјави Борле Треновски, универзитетски професор.

И лидерот на опозицијата Мицкоски, предлог буџетот го оцени како нереален, кој ќе остане само како желба на власта, без да се реализира.

Ризик за реализација на буџетот и достигнување на посакуваниот раст од над 4,5% е и политичката криза, од која ќе зависи однесување на економските субјекти, нивната воздржаност за инвестирање, довербата за евентуални нови инвестиции, даночната дисциплина кај обврзниците. Така што експертите не ја исклучуваат можноста за ребаланс уште во првиот квартал догодина..

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.