ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

„ЕДНА ИЗБОРНА ЕДИНИЦА“ УШТЕ НЕОТВОРЕНА, ОСУДЕНА НА ПРОПАСТ

Уште непочната дебата – законот со кој се предвидува Македонија да биде една изборна единица осуден на пропаст.

Македонија нема така лесно да стане една изборна единица, но според информациите ниту пак помалите коалициски партнери кои како дел на коалицијата на СДСМ го поднесоа законот и се закануваа дека ќе ја напуштат Владата, доколку Димитар Ковачески не си стои на зборот ќе ја урната Владата.

Ваков е епилогот кој што се очекува и целата дебата која се најавува откако утре на комисијата за политички систем ќе помине потребата од законот, по што ќе следи и јавна расправа. Колку најавата за напуштање на Владата е сериозна и колку, малите партии се единствени. 

И додека пратениците на  СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ  најавуваат дека ќе дадат поддршка на законот, албанскиот блок апсолутно против. 

Од Алијанса за Албанците децидни најавуваат блокада на законот со аманмднаи. Нудат компромис – промена на изборниот модел, наместо дондтомобиоѕт модел и галсдање ан дијаспората, но во рамките на единиците во кои припаѓаат.

Од Коалицискиот партнер во власта партиајат на Али Ахмети најавувата дека нивниот став е непроменет и останувата против.

– Промена на  изборниот законик мора да биде со консензус. Актуелниот број на изборни единици, шест го отсликува мултиетничкото и хетерогено општество.- велат од ДУИ.

Македонија да биде една изборна единица беше ветување на  СДСМ и Зоран Заев уште на изборите во 2016-та, еден обид имаше во Собранието, но тогаш освен партиите од албанскиот блок, против беше и ВМРО-ДПМНЕ.Во овој мандат Мицкоски се премисли и ВМРО-ДПМНЕ најави поддршка на законот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.