ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Еден починат и четири нови случаи на заразени од вкупно 3074 тестови за ковид

Во последните 24 часа се направени 3.074 тестирања, а регистрирани се четири нови случаи на ковид-19, и тоа по еден од Скопје, Прилеп, Тетово и Кочани.

Министерството за здравство информира се оздравени 68 пациенти, а пријавен е само еден починат во болнички услови. Станува збор за 80-годишен скопјанец.

Досега во земјата се направени вкупно 851.408 тестирања. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.616, бројката на оздравени пациенти е 149.790, на починати е 5.475, а бројот на активни случаи изнесува 351.

Најмногу активни случаи има во Скопје -126, во Прилеп 33, во Тетово и Кичево по 28, а воопшто нема во Дојран, Пехчево, Македонска Каменица, Демир Капија, Богданци, Пробиштип, Берово, Ресен, Свети Николе и Кавадарци.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.