ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЈА ПОВИКА БУГАРИЈА ЦЕЛОСНО И БЕЗУСЛОВНО ДА ГИ ПОЧИТУВА ВРЕДНОСТИТЕ НА ЕУ

Со 358 гласа „за“, 277 „против“, Европскиот парламент усвои резолуција во која се изразува поддршка за бугарскиот народ во своите барања и легитимни аспирации за правда, одговорност и демократија.

Резолуцијата на европарламентот е необврзувачка и доаѓа после повеќемесечните антивладини протести, на кои се бара оставка од владата и од премиерот Бојко Борисов кок е обвинет за влијание врз судството, медиумите и безбедносните служби.

Брисел ги повикува бугарските власти и на спроведување на релевантните пресуди на Европскиот суд за човекови права, при што  се наведени, меѓу другото, и пресудите што се однесуваат на неможноста на македонското непризнаено малцинство во Бугарија да регистрира свое здружение или политичка партија.

– Пресудата од 19 јануари 2006 година, Обединета македонска организација „Илинден“ и други, – Пресуда од 18 октомври 2011 година, Обединетата македонска организација „Илинден“ и други, пресуда од 11 јануари 2018 година, Обединета македонска организација „Илинден“ и други, пресуда од 11 јануари 2018 година, Јордан Иванов и други.

Резолуција на Европскиот парламент

На средбата со министерот за надворешни Бујар Османи, бугарскиот премиер Бојко Борисов вели дека бил многу загрижен поради вклучувањето на ОМО Илинден и на македонското малцинство во Бугарија во една политичка резолуција во Европскиот парламент.

– Тоа во никој случај не е од полза – и за историчарите и за нашите политички партнери во Република Северна Македонија, во овој момент кога бараме компромис за да се најде решение. – изјави Борисов.

Европратениците ги осудија кампањите на клевета и насилните инциденти против новинарите, влошувањето на слободата на медиумите, транспарентноста и недостатокот на разновидност во сопственоста на медиумите, како и повластената распределба на средствата на ЕУ за провладините медиуми.  

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.