Европскиот Парламент одобри 16,9 милијарди евра за вселенската програма
Европскиот Парламент го усвои извештајот за воспоставување вселенска програма на ЕУ и на Агенцијата на ЕУ за вселенска програма во една институција.
Со тоа се предвидува интеграција на системот на сателитска навигација Галилео и системот за набљудување Коперник во една програма , за што ќе бидат издвоени 16,9 милијарди евра.
Извештајот на италијанскиот пратеник Масимилијано Салини за вселенската програма , Еу пратениците го поддржаа со 483 гласа за , 68 против и 19 воздржани.
Програмата се однесува на периодот од 2021 до 2027 година , со кој ќе се интегрираат вселенските програми за набљудување и за навигација во една програма со цел да не се прават двојни трошоци.Салини рече дека цселенската стратегија и носи голема предност на Европа.