ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ЕВРОПСКАТА УНИЈА ЌЕ ИМ ПОДЕЛИ 750 МИЛИЈАРДИ ЕВРА НА СВОИТЕ ЧЛЕНКИ ЗА ОБНОВА НА ЕКОНОМИЈАТА

Европската комисија предложи фонд од 750 милијарди евра кој треба да ѝ помогне на Европската Унија во справувањето со досега невидена економска криза предизвикана од пандемијата на коронавирусот.

Оваа сума ќе се вгради во предложениот буџет за 2021-2027 година од 1.100 милијарди евра, со што вкупниот фонд ќе изнесува 1.185 милијарди евра и претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, вели дека „тоа ќе ја покрене нашата економија и ќе обезбеди Европа да застане на нозе“.

Пакетот наречен „Обнова и подготовка за идните генерации“ преку грантови и заеми ќе биде поделен меѓу 27-те членки на Унијата. Најголем дел, 313 милијарди евра, ќе добијат Италија и Шпанија, кои се најтешко погодени со пандемијата.

„Овој фонд е пресвртна точка за Европа“, изјави еврокомесарот за економски прашања Паоло Џентилони.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.