ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Европската унија го поздрави резултатот од српскиот референдум за уставни измени

Граѓаните на Србија вчера беа повикани да гласаат за уставни измени со цел “зајакнување на независноста на судството“, а исходот го поздрави Европската унија, јавува МИА од Брисел.

-ЕУ го поздравува исполнувањето на овој важен чекор во уставната реформа со цел зајакнување на независноста на судството во согласност со стратешкиот избор на Србија да се приклучи кон Европската унија, изјави денеска портпаролот Петер Стано.

Унијата повтори дека реформскиот процес во делот на судството треба да продолжи и по овој референдум.

-Низа закони треба да се изменат за ефективно применување на уставните амандмани, тие треба да бидат подготвени како приоритет преку сеопфатна реформа на релевантните закони во согласност со европските стандарди, посочија од дипломатската служба на ЕУ преку соопштение.

ЕУ се заложи дека ќе продолжи од блиску да го следи процесот и да обезбедува финансиска и техничка помош за применување на судските реформи.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.