ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Европската комисија препорача кандидатски статус за БиХ

Европската комисија (ЕК), денеска пред Советот на ЕУ, препорача да ѝ биде доделен кандидатски статус на Босна и Херцеговина, изјави еврокомесарот Оливер Вархеји при презентација на Пакетот за проширување на Унијата пред Комитетот за надворешна политика во Европскиот парламент.

Вархеји притоа ги наброја 14 приоритети што се очекуваат од Босна и Херцеговина кои впрочем беа претставени од ЕК уште во 2019 година.

Од БиХ се очекува да ги усвои измените на интегрираните амандмани во постоечкиот Закон за Високиот судски и обвинителски совет, како и законот за високиот судски и административен совет и да усвои закон за судовите во земјата.

Исто така се очекува да се донесе Закон за спречување на судир на интереси, да се преземат одлучни чекори за зајакнување на превенцијата и борбата против корупција и организиран криминал и да се унапреди работата на обезбедување на ефикасна координација на сите нивоа за управување со границите.

БиХ, меѓу другото, треба да обезбеди забрана за тортура, да гарантира слобода на изразување и на медиумите и на новинарите.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.