ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Европската агенција за лекови даде зелено светло за вакцината против ковид-19, на потег е ЕК

Европската агенција за лекови (ЕМА) денеска даде зелено светло за употреба на вакцината против ковид-19, произведена од фармацевтските компании „Фајзер“ и „БионТек“.

ЕМА препорача Европската комисија (ЕК) сега да додели условно одобрение за ставање во промет на вакцината кај лица постари од 16 години. Претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, пак, рече дека очекува дека ќе делуваат бгу и дека ќе донесат одлука до вечерва.

Директорката на ЕМА, Емер Кук, рече дека позитивните вести се чекор напред во борбата против пандемијата и уверува дека вакцината е безбедна.

„Нашата темелна процена значи дека можеме со сигурност да ги увериме граѓаните на ЕУ дека вакцината е безбедна и ефикасна. Сепак, нашата работа не завршува овде. Ќе продолжиме да собираме и анализираме податоци за вакцината со цел да ги заштитиме граѓаните на ЕУ“,

рече Кук.

Дистрибуцијата на првите вакцини против Ковид-19 меѓу земјите-членки на ЕУ, како што беше најавено и претходно, би започнала во исто време – на 26 декември, а вакцинациите еден ден подоцна.

ЕУ потенцира дека условите за вакцинација ќе зависат од националните стратегии на земјите-членки.

Ова е прво зелено светло за вакцина против ковид-19 во ЕУ. Набргу се очекува да биде одобрена и вакцината на компанијата „Модерна“.

Вакцината на „Фајзер“ и „БионТек“ веќе се кориси во САД, Велика Британија и уште неколку земји.

Нејзината ефикасност е 95%, додека таа на „Модерна“ беше со резултат од 94% ефикасност.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.