ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Европол со ново предупредување за лажни вакцини против ковид-19

Европол излезе со ново предупредување во јавноста за опасноста да се наседне на понуди за лажни вакцини против ковид-19 во период кога повеќето земји ја почнуваат вакцинацијата и побарувачката е голема.

Директорката на Европол, Катерина де Бол, денеска истакна дека криминалците најверојатно би се обиделе да ја искористат токму големата побарувачка и наведе оти се забележани „конкретни знаци на валкана игра, како што е понуда на лажни вакцини на социјалните мрежи“, поради што апелира на внимателност.

Таа порача и дека државите мора да бидат подготвени оти криминални групи ќе се обидат да ги украдат вакцините, а Европол веќе идентификувал потенцијални жаришта.

И на почетокот на месецот, Европол предупреди преку соопштение кога порача дека криминални групи веќе се подготвуваат да ги искористат можностите што ги дава пандемијата на коронавирусот.

И Интерпол на почетокот на декември објави предупредување дека организирани криминални групи можно е да се обидат да продадат лажни вакцини, како и да украдат од резервите вакцини против Ковид-19.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.