ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Евакуирана Македонка од Вухан – надзор за контрола на корона вирусот на сите гранични премини

epa08186743 A handout photo made available by the Indonesian Foreign Ministry shows Indonesian nationals who were evacuated from Wuhan, China, being sprayed with antiseptic as they arrive at Hang Nadim Airport in Batam, Indonesia, 02 February 2020. The 245 evacuees were transported on Natuna, Riau Islands, shortly after landing. The virus originated in the Chinese city of Wuhan and has so far killed at least 304 people with over 14,000 infected, mostly in China. The Philippines reported on 02 February the death of a 44-year-old man who was diagnosed with the virus. It is the first confirmed death outside of China. EPA-EFE/INDONESIAN FOREIGN MINISTRY/HANDOUT HANDOUT, EDITORIAL USE ONLY, NO SALES HANDOUT EDITORIAL USE ONLY/NO SALES

Петмина македонски државјани кои работеле во Кина вчера се вратиле во земјата преку граничниот премин Деве Баир. Немале никакви симптоми на опасниот корона вирус. Граничната полиција повикала епидемиолог кој им направил анкета, биле прегледани и добиле решение за здравствен надзор каде да побараат лекарска помош доколку се разболат. Министерот Филипче вели дека досега во Македонија не влегол ниту еден сомнителен случај а дијагностичките тестови за вирусот ги очекуваат за неколку дена.

– Имаме договор со српското министерство за таму овие денови да праќаме анализи за проверка, но досега немало потреба за ниту еден патник, граѓанин, пациент да правиме анализа, вели Венко Филипче, министер за здравство.

Филипче тврди дека освен на скопскиот аеродром, надзор имаат на сите гранични премини во државата. Но вели дека кај нас е многу мал бројот на патници кои доаѓаат од Кина.

-По препорака на кинеската амбасада, оние работници кои се ангажирани кај нас, нема да се вратат, препорака од амбасадата е да останат и да не патуваат и во други европски земји, вели Филипче.

Во случај да има сомнителн случај на корона вирус, здравствените власти велат дека системот бил подготвен и сите знаеле како треба да постапат. На Инфективна има соба за изолација а во клиниката пациентот ќе го внесат преку посебен влез.

-Но нема простор за паника, смртноста е многу помала од другите корона вируси како Сарс и Мерс, на овој е само 3 процвенти, за разлика од САРС со 9,6 проценти. Оние кои починале се со намален имунитет, со хронични болести, нема млади лица, вели Филипче.

И додека Филипче вели дека се подготвени и нема простор за паника, од Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ бараат одговори од министерот како ќе функционира системот ако се појави корона вирус?

-САД објавија дека сите патници кои што ќе допатуваат од Кина ќе бидат во обврзен карантин во период од 14 дена. Останатите земји воведуваат превентивни мерки.

Кај нас министерот за здравство Венко Филипе уверува дека надлежните институции се подготвени за справување со корона вирусот. Но, не кажува како, не дава детали што се важни за секој пациент. Кој е начинот за постапување при симптоми сомнителни за корона инфекција, стои во реакцијата на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. 

Денеска е регистриран прв смртен случај од корона вирус надвор од границите на Кина. Починал 44 годишен пациент на Филипините. Досега има над 300 починати и повеќе од 14 000 заразени со корона вирусот кој од Вухан се прошири речиси на сите континенти.

Please follow and like us:
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.