ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Дури 60 отсто од новите заразени во Мадрид се со омикрон

Во Каталонија омикрон претставува петтина од инфекциите, поради што се воведени нови мерки – од понеделник секој што бил во близок контакт со позитивно лице ќе мора да оди во изолација десет дена, без разлика дали биле вакцинирани или не

Судот во Андалузија во петокот му даде зелено светло на регионот да започне да бара вакцинирање или негативни тестови за влез во барови, ресторани, како и во рекреативни објекти

Дури 60 отсто од новите инфекции во Мадрид се со омикрон варијантата, изјави денеска регионалниот министер за здравство Енрике Руиз Ескудеро.

„Засега гледаме дека оваа варијанта е многу позаразна од сојот делта, но се чини дека симптомите се поблаги, ако се земе предвид дека 80 отсто од нашето население е вакцинирано“,

рече Ескудеро.

Ширењето на варијантата омикрон се совпаѓа со зголемувањето на бројот на инфекции во шпанската престолнина.

„Ни претстојат неколку комплицирани недели поради новата варијанта“,

изјави премиерката на Мадридскиот регион, Изабел Ајусо, додавајќи дека зголемувањето на бројот на заболени ќе има влијание врз примарната здравствена заштита.

Поради тоа се зголемува бројот на лекари во овој здравствен сектор, а не се планира воведување нови мерки на ограничувања за празници.

Кога станува збор за другите региони на Шпанија, во Каталонија омикрон претставува петтина од инфекциите. Затоа се воведени нови мерки, па од понеделник секој што бил во близок контакт со позитивно лице ќе мора да оди во изолација десет дена, без разлика дали биле вакцинирани или не.

Судот во Андалузија во петокот му даде зелено светло на регионот да започне да бара вакцинирање или негативни тестови за влез во барови, ресторани, како и во рекреативни објекти.

Во Шпанија, случаите на ковид-19 се зголемени во последните недели, со помалку хоспитализирани и смртни случаи отколку во претходните пандемични бранови, благодарение на вакцините.

Во моментов, околу пет проценти од сите болнички кревети во Шпанија ги користат пациенти со ковид-19, како и 14 проценти во единиците за интензивна нега.

Според податоците на Министерството за здравство на Шпанија, во четвртокот се регистрирани 48 смртни случаи од ковид-19, а вкупниот број на починати е 88 667.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.