ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Дури и на Заев му збогтиса од бугарските уцени

Ако се следат изјавите на македонскиот премиер Зоран Заев во последно време, може да забележи извесно заострување на вордингот кога станува збор за односот на ЕУ кон Македонија, но и кон бугарските изблици на патернализам кон бугарското малцинство, кој ‘се повеќе претставува мешање во внатрешните работи на земјава.
Дали на Зоран Заев му дојде преку глава од пасивниот однос на Унијата која не ги исполнува своите ветувања, дозволувајќи и на Бугарија да поставува услови кои се неприфатливи и кои не се во доменот само на Бугарија, туку се обврска на Унијата како целина!
Се почесто билатерланите релации со Бугарија, ги пренасочува на адреса на Унијата.
На бугарскиот претседател кој изјави дека „Бугарија не може да дозволи кршење на правата на граѓаните на Република Северна Македонија со бугарска самосвест“, експресно му одговори:
„Јас реков, тоа е работа на ЕУ – кога ќе одлучат да го продолжиме процесот, нека ни се јават. Ние, во меѓувреме, продолжуваме со европеизацијата овде, имаме сериозни процеси за спроведување на агендата ‘Европа дома’!
Или пак на одредени барања од соседите, Бугарите во Македонија да бидат вметнати во Уставот, Заев им порача дека „за тоа може да се разговара дури пред самото пристапување во ЕУ“, со што им стави јасно на Бугарските политичари дека откако ќе го откочат пристапниот процес, ќе го добијат она што го бараат, но не пред тоа и не ексклузивно само за Бугарите, туку и за другите малцински групи кои живеат во Македонија, а сеуште не се дел од Уставот.
Со други зборови Заев јасно му кажува на Радев, Вие можеби се членка на ЕУ, но не сте целата ЕУ, вие не одлучувате за некои работи. Но во суштина тоа е сепак повеќе прозивка до ЕУ, која се повторува повеќе пати и не само од страна на премиерот Заев, туку и во јавните настапи на министрите Османи и Димитров на меѓународната политичка сцена.
Ваквата острина секако е несоодветна за Заев, за кого досега во јавноста се стекна впечаток дека е политичар со исклучителна трпеливост во преговорите, за кого многумина се спремни да речат дека е претерана и дека се граничи со личното, па и националното достоинство.
Очигледно станува збор за смислена стратегија на македонската дипломатија која полека тежиштето на притисок го префрла врз ЕУ, наместо како досега барајќи излез претежно во ќорсокакот на билатерланите преговори со Бугарија.
Оттаму станува видлива одредена нетрпеливост директно упатена кон ЕУ заради неисполнување на ветувањата дадени кон Северна Македонија, иако сеуште постојат дипломатски огради во пораките, кои не дозволуваат да се добие впечаток дека земјата се откажала од европската перспектива.
Синтагмата „нека ни се јават од ЕУ кога ќе бидат подготвени“ се повторува повеќе пати за кусо време во изјавите на македонскиот премиер. Освен сега во одговорот кон Радев, таа беше употребена и во интервјуто на Заев во емисијата „Конфликтна зона“ на Дојче Веле:
Кога во ЕУ ќе одлучат да ни го овозможат заслужениот следен чекор, нека ни се јават, затоа што по 16,5 години чекање, тоа е преголема траума. Имавме 12 позитивни препораки од Европската комисија, имаме 100% успешност на реформскиот процес според последниот извештај за Западниот Балкан и највисок резултат со остварени 63% од заклучоците за реализација на Програмата за економски реформи. Ние сме лидери на Балканот. Затоа кога ќе донесат одлука ние сме подготвени…“.
Ваквата „цврстина“ во ставовите, може да се каже дека на некој начин кореспондира и со американската засилена подршка на европската интеграција на земјава, особено искажана неодамна на „Преспа форумот“, од страна на високоите претставници на администрацијата на претседателот Бајден.
Барањето излезно решение во ЕУ, а не само во непосредните контакти со бугарскиот политички и државен естаблишмент во голема мерка произлегува и од замрсената политичка ситуација во Бугарија, која веќе подолго време ги измачува не само Бугарите, туку низ иста катарза минуваат и Македонците, очекувајќи формирање кредибилна бугарска Влада со која македонските официјални претставници ќе ги продолжи преговорите за трасирање на патот кон ЕУ.
Но очигледно тоа тешко оди во соседна Бугарија. Ако наскоро не се формира Влада, се поизвесно е дека таму Бугарските граѓани по трет пат ќе бираат пратеници, по што ако нема разрешница, ништо чудно Бугарија да заглави во тешка политичка криза. Засега единствената кредибилна институција е претседателот Румен Радев, но и тој е на крајот на својот мандат, па си тера своја кампања за уште еден мандат, обидувајќи се да зарадботи некој глас повеќе врз грбот на Македонците.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.