Дрога, ножеви и мобилни, најбарана шверц-роба во затворот Шутка
Дрогата, ладното оружје и мобилните телефони се најбараните производи во затворот во Скопје. Годинешниот извештај набројува значителна количина на различни видови наркотици, остри алатки и мобилни телефони. Иако одземените предмети не се специфицирани од страна на затворската администрација, тие признаваат дека внесувањето на неовластени предмети во ќелиите е резултат на корупција. Неофицијално дознаваме дека внесувањето на еден мобилен телефон во затворот чини и до 500 евра. Директорот Есад Рахиќ вели дека се преземаат мерки, но „диловите“ меѓу некои затвореници и чувари, не може сосема да се запре.
Иако е очигледно дека е извршена санација на некои делови од затворот, заедничките ќелии во Шутка изгледаат како во хорор филм. Пет кревети и едно, та исто место за јадење, спиење и за физиолошки потреби. Тешкиот мирис на мувла и измет го исполнува воздухот. Медицинската помош е намалена бидејќи ноќна смена нема. Дури и во текот на денот, затворениците се жалат дека може и д апочинат додека да добијат лекарска помош. Заменик-директорот вели дека се работи на подобрување на ситуацијата.
Се обидовме да ги завршиме работите пред зимската сезона и успеавме да реновираме дел, особено со донации од приватни компании. Тоа значи дека десната страна е скоро целосно реновирана за приближно 50 затвореници. Планираме да се реновираат и преостанатите делови и примарните услови да бидат соодветни за притворениците и за осудените лица – изјави Садуш Арифи, заменик на директор на затворот во Скопје.
Во затворот во Скопје утре вечер ќе има 350 затвореници. На стража има по еден чувар на секои тројца затвореници.
Додека овие гулаби летаат слободно, не секој ужива во слободата.