ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Државниот и политичкиот врв со честитки за Велигден

Државниот и политичкиот врв упатија честитка до верниците по повод велигденските празници.-Христовото воскресение нѐ ослободува од стравот од смртта, но и нѐ обврзува, наместо пасивни набљудувачи, да бидеме активни учесници во обновата,– стои во честитката од претседателот на државата Стево Пендаровски.

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова која беше во Соборниот храм порача дека нема поголем празник од Велигден.

Премиерот на техничката влада Талат Џафери пак во честитката вели:

-Велигденската порака за победата на животот над смртта е порака која влева надеж дека за животот, вреди да се преземе секој чекор на храброст и пожртвуваност.

-Да се спротивставиме на сите непогоди, да ги победиме искушенијата, да бидеме солидарни едни кон други и да ги отвориме нашите срца за безусловна љубов, сочувство и заедништво, Истакнува во честитката собранискиот спикер Јован Митрески.

Честитки по повод Велигден и од лидерите на партиите. Претседателот на СДСМ димитар ковачевски пишува:

-Добрината и мудроста да бидат нашиот патоказ – стои во честитката од лидерот на сдсм димитар ковачевски. Овие големи празници носат голема духовна сила, да ги празнуваме секогаш заедно, во радост и спокој.

Додека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на социјалните мрежи напиша:

-Поучени од христијанските начела, да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, да направиме се утре да биде подобро од денес.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.