ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Државата уверува дека нема да има недостиг на нафта

Забранет влез на руска нафта во земјава. Ембаргото за увоз, кое го донесе Европската Унија, се применува и кај нас. Забраната, според министерот Бектеши, нема да предизвика недостиг на деривати, затоа што во моментов само 20% од потребите на  пазарот се задоволуваат со нафта од руски рафинерии.  

„Тие 15 до 20 отсто можат да се покриваат и од други извори на снабдување. Не може да се случи недостиг на нафта и нафтени деривати. Сепак, околу евентуалното зголемување на цената може да кажам дека нивната цена е берзанска, а Владата може да влијае само во делот на давачките – акциза, ДДВ и други давачки“.

Побаравме став од единствената нафтена компанија со руски капитал  во земјава – Што ќе значи ембаргото, дали ќе продолжат да работат и од каде ќе набавуваат деривати, но одговор не добивме. Инаку, веќе стапи на сила забраната за увоз на нафтени деривати, пред се дизелот и мазутот во сите земји членки на Унијата, но и во најразвиените 7, меѓу кои  Британија, САД, Канада и Јапонија. Санкцијата има цел да се казни Русија, односно да им се намалат приходите кои Путин ги добива од овој енергенс или според Урсула фон дер Лајен, дневно 160 милиони евра помалку. 

Сепак, аналитичарите веќе стравуваат дека недостигот на дизел, може да ја вивне цената за кратко време. Магацините  во европските земји се на резерва, се бара алтернатива, односно нафта од Блискиот Исток, Азија и САД, извори кои веќе се оптоварени. 

Голдман Сакс предвидува цената од сегашните 80 да надмине 100 долари за барел, затоа што побарувачката е многу поголема од понудата. На сите земји скриен адут им е дизелот од Турција, Индија и Кина кои преку своите рафинерии ја преработуваат руската нафта и ја продаваат како своја. 

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.