ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Државата бара приватен партнер за дистрибутивната мрежа за гас до домаќинствата, првите приклучоци дури до крајот на 2020

Државата бара приватен партнер со кого заедно ќе ја градат дистрибутивната мрежа преку која природниот гас треба да стигне до домаќинствата. Сепак, овој енергенс во своите домови граѓаните ќе можат да почнат да го користат дури кон на крајот на наредната година, а првите приклучоци се очекува да бидат во Скопје и Тетово.

Засега Владата само знае дека системот ќе се гради преку јавно приватно пратнерство, во игра можат да влезат три оператори кои имаат лиценца. Формиралана е Комисија од 14 члена, со претставници на сите засеганати институции, но уште не е познато кога ќе биде објавен тендерот, колку ќе чини мрежата и од каде ќе се обезбедат средствата.

Комисијата има за цел да ја спроведе целокупната постапка за доделување на договорот за воспоставување на јавно приватно партнерство за финансирање, проектирање, изградба, управување, одржување и развивање на дистрибутивниот систем на природен гас во Северна Македонија, вели Миле Бошњаковски, портпарол на Владата.

Сепак, дури и кога гасот ќе дојде до домаќинствата, приклучокот нема да биде воопшто евтин. Пресметките на МЕР говорат дека за една просечна куќа од 120 метри квадратни, трошокот за прилагодување на внатрешните инсталации е околу 1.500 евра, па власта ќе размислува како да се субвенциноираат дел од овие издатоци. Доколку домаќинството се приклучи на гас, преку него би се обезбедувало греење, топла вода и готвење.

Целта е да ги направиме сите потребни чекори со кои крајните потрошувачи, граѓаните, ќе добиваат најниска месечна фактура за гас, вели Бајрам Реџепи, директор на Македонски енергетски ресурси.

Пред да се изгради дистрибутивната мрежа, мора да биде завршена и преносната, а таа во земјава е готова само на потегот од Клечовце до Неготино. Се уште се во фаза на градба од Неготино до Битола, која е завршена половина, и од Скопје до Гостивар, каде се финализирани 40 проценти. Се очекува да бидат оперативни кон средината на следната година.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.