ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Драматична порака од првиот човек на СЗО: Се наоѓаме во опасна ситуација, омикрон нè опоменува

„Појавата на варијантата на коронавирус – омикрон, укажува дека светот и по две години од почетокот на пандемијата на Ковид-19 е во опасна ситуација“, изјавил денеска генералниот директор на СЗО, Тедрос Гебрејесус.

Тој истовремено додал и дека е разочаран што многу од земјите вовеле целосна забрана за патување на југот од Африка поради омикрон варијантата на коронавирусот, пренесува „Ројтерс“.

Тедрос изјавил и дека се надева дека светот ќе го поддржи принципот на транспарентност кој ќе ни помогне во ставање крај на пандемијата.

Инаку, во светот до денеска се забележани 268.260.745 случаи на коронавирусот, наведено е на страницата „Worldometеrs“.

Како последица на коронавирусот во период од две години починале 5.298.604 лица, додека пак 241.470.855 лица закрепнале од болеста.

Моментално во светот има 21.491.286 активни случаи на Ковид-19 од кои 21.402.796 имаат благи симптоми на болеста, додека пак 88.490 се во сериозна или пак критична состојба.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.