ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ДРАМАТИЧЕН РАСТ НА БРОЈОТ НА РАБОТНИЦИ КОИ НЕ ДОБИЛЕ ПЛАТА ЗА АПРИЛ

Драматична бројка на вработени кои не земале плата во април за разлика од март, покажуваат податоците од Управата за јавни приходи. Ако за март бројката била 7.284 вработени, за април без плата останале 87.051 вработен. 

Според податоцита на УЈП, во март имало над 4.000 фирми кои воопшто не доставиле пресметки за плата и над 3.000 фирми кои доставиле, но не исплатиле плата до дадениот рок. Во април, бројките пораснале – Над 6.000 фирми без пресметки и 16.000 фирми кои не го испочитувале рокот за исплата на плата. Директорката на УЈП, Сања Лукаревска вели, на дел од фирмите веќе им се блокирани сметките.

„Дел од фимите на кои им испративме опомени веднаш ги исплатија вработените, а на дел од нив, кои и после опомената не исплатија плати, веќе им се блокирани сметките“ – изјави Сања Лукаревска директорка на УЈП.

Од УЈП појаснуваат дека огромната бројка од над 87 илјади работници може драстично да се намали во наредниот период, а откако ќе почнат да испраќаат предупредувања во фирмите. Од таму велат, има многу фирмите кои платите ги исплаќаат и после 15ти во тековниот месец, односно по алармирањето од страна на Управата.

Во меѓувреме, расте бројот на фирми кои побарале субвенции на придонесите – Ако во март имало барања за над 22 илјади работници, во април бројот се зголемил на барања за 25 илјади работници. Зголемен е и бројот на фирми кои побарале помош за исплата на минималната плата – Од 1703 фирми во март на 2.777 во април.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.