ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ДП на Италија бара исклучување на СП на Албанија од Европската социјалистичка партија

Демократската партија на Италија, која припаѓа на левицата, бара исклучување на Социјалистичката партија на Албанија од Европската социјалистичка партија.

Веста ја објави „Ла Република“, според која, овие поделби меѓу двете леви партии, албанската и италијанската, доаѓаат по договорот на премиерот Еди Рама и неговата колешка Џорџа Мелони за имигрантите.

Се известува и дека Демократската партија на Италија ќе побара исклучување на СП од европската социјалистичка групација, на Конгресот во Малага.

-Нашите вредности се изневерени. Ќе го поставиме прашањето на конгресот на ПСЕ, кој денес и утре се одржува во Малага, во присуство на сите главни социјалисти на континентот, од шпанскиот премиер Педро Санчез до германскиот канцелар Олаф Шолц, изјавил Пепе Провенцано.

Рама и Мелони се договорија Италија да изгради два прифатни ценри во Албанија, за имигрантите кои влегле во Италија и аплицирале за азил.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.