До 2030 година: Земјата се враќа во состојба како од пред 3 милиони години
Се очекува климата на Земјата до 2030 година да се врати во состојбата каква што била пред 3 милиони години, стои во најновата студија објавена во Proceedings of the National Academy of Sciences.
Станува збор за сушен период на Земјата, кога Северна и Јужна Америка не биле споени, а Гренланд сè уште не бил замрзнат. Нивото на океаните било 18 метри повисоко отколку што е сега. Просечната температура тогаш била 1,8 до 3,6 степени Целзиусови над сегашните.
„Одиме кон многу драстични промени во многу краток период“, вели Џек Вилијамс, професор на Универзитетот во Висконсин.
Ако продолжи досегашното испуштање на јаглероден диоксид во атмосферата истражувачите проценуваат дека до 2150 година Земјата ќе се врати во состојба каква што била пред 50 милиони години.
„Гренланд нема повторно да стане зелен дури во следниот век“, вели Вилијамс.
Затоплувањето ќе ги изненади живите видови и нема сите да се адаптираат на новите услови.
„Многу видови ќе исчезнат. Тоа укажува како можеме да влијаеме на нашето минато и на историјата на Земјата, на тој начин што ќе ги разбереме сегашните промени и ќе се адаптираме на нив“, вели научникот.
Сите видови на Земјата имаат предок кој ги преживеал двата претходно спомнати периоди од пред 3 милиони години и од пред 50 милиони години, но дали така ќе биде и во иднина останува да видиме.