Донација од НАТО: Албанија доби 60 респираторни машини во борбата со ковид-19

A woman walks across a carpet with the NATO logo ahead of the NATO (North Atlantic Treaty Organization) summit, at the NATO headquarters in Brussels, on July 11, 2018. (Photo by GEOFFROY VAN DER HASSELT / AFP) (Photo credit should read GEOFFROY VAN DER HASSELT/AFP/Getty Images)
Албанското Министертво за одбрана прими донација од НАТО што се состои од 60 респиратори машини.
– Сојузниците на НАТО се обединети во борбата против ковид-19. Испораката за Албанија на 60 респиратори ја покажува посветеноста на САД за нашата трансатлантска врска и вистинското обединување на НАТО против глобалните предизвици, пишува во објавата на американската амбасада на Фејсбук.
Донацијата била координирана од евро-атлантскиот центар за координација и одговор на катастрофи на НАТО (EADRCC). Деновиве донацијата ќе биде предадена на албанското Министерство за здравство по што ќе биде распределена по болниците.
Во Албанија се влошува состојбата со ковид-19, каде овој месец во просек дневно се регистрираат по 230 новозаразени. Вирусот во последните 24 часа е дијагностициран кај 301 лице, што е највисока бројка досега.