ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Докторка на Инфективната клиника дала отказ

Министерот за здравство Венко Филипче денеска информираше дека една докторка од Клиниката за инфективни болести дала отказ и планира да замине да работи во приватна болница. Според него, и докторката која го раководела Инфективното одделение во Градската болница „8 Септември“ најавила дека ќе замине во приватна болница.

„Не знам дали е формализирано сето тоа, јас разговарав со неа, но таа е решена за тоа. Таму има други двајца инфектолози. Размислуваме и веќе разговаравме за начинот на којшто ќе се засили тоа одделение. Засега, заедно со интернистите, имајќи го овој број на пациенти кои се хоспитализирани и нашиот план да не се зголемува тој број, овие доктори се сосема доволно“, рече Филипче.Филипче додаде дека и медицинските сестри од Инфективната клиника со кои одржа состанок иако тврделе дека нема да заминат во приватна институција, тоа го направиле. Околу причините за нивното заминување Филипче одговори дека тоа е тешко да се каже. Но, како што истакна, дел рекле се преморени, а дел имале други причини.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.