Додик ќе „летне“ во Анкара на средба со Ердоган
Членот на Претседателството на БиХ од РС, Милорад Додик најави дека денеска ќе отпатува во Анкара на средба со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. На средбата со Ердоган српскиот член од тричленото претседателство на БиХ, ќе му го пренесе сопственото видување за ситуацијата во земјата.
Ердоган и Додик ќе разговараат на темите кои вчера во Сараево беа на маса пред него и Габриел Ескобар , заменикот помошник државен секретар на САД. Додик по средбата со Ескобар изјави дека со него се согласиле дека нема реална основа за нов конфликт во БиХ. САД се решени да ја елиминираат секоја можност за нова војна во БиХ, наведувајќи дека поради тоа БиХ треба да се демилитаризира.
-Не го нарушуваме територијалниот интегритет на БиХ, но го информирав Ескобар дека ние во Националното собрание ќе донесеме одлука за повлекување на согласноста на РС за формирање на вооружените сили на БиХ, Високиот судски и обвинителски совет и Управата за индиректни даноци на БиХ. Ќе одиме до крај, изјави Додик.