Додик: Црногорските пратеници кои гласаа за Резолуцијата се непожелни
Српскиот член и претседавач на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави дека сите пратеници во собранието на Црна Гора кои гласаа за Резолуцијата за Сребреница не се добредојдени во Република Српска бидејќи таа нивна одлука претставува директен удар врз РС и српскиот народ.
Со овој чин на донесување на спомнатата резолуција црногорското собрание се претвори во антисрпски политички театар“, истакна Додик.
Тој праша каква врска има Црна Гора со трагичните настани во БиХ и каков е мотивот за донесување на таков акт кој е донесе безобразно и без аргументи, без оглед дали станува збор за нивен личен став или станува збор за исполнување на интересите на антисрпските странски наредбодавци.
„Се поставува прашањето зошто опозицијата од Република Српска сега цело време молчи, а се фалеа со добрите односи со Алекс Бечиќ, Дритан Абазовиќ и уште некои. И кога се веќе во толку добри односи зошто не се изборија да го спречат усвојувањето на оваа срамна антисрпска резолуција“, кажа Додик.
Праша и зошто никој од опозицијата не излегол и јасно и гласно не го осудил овој непријателски чин на своите политички пријатели од Црна Гора.
Собранието на Црна Гора на 17 јуни изгласа Резолуција за забрана на негирањето на наводниот геноцид во Сребреница. За усвојување на резолуцијата гласаа 55 пратеници, против беа 19, а воздржани седум.
Резолуцијата, меѓу другото, подразбира дека „парламентот осудува и признава дека во Сребреница се случил геноцид и дека се убиени повеќе од 8.000 Бошњаци“.
Со текстот на резолуцијата е предвидено 11 јули да биде прогласен за Ден на сеќавањето на жртвите на Сребреница, да се афирмира мирот и стабилноста и да се повикаат јавните институции да ги истражат воените злосторства.