Додик: Путин е голем државник
Лидерот на босанските Срби Милорад Додик по враќањето во Босна и Херцеговина го пофали рускиот претседател ВлаНеделава Додик престојуваше во Белорусија каде се сретна со нејзиниот лидер Александар Лукашенко, па отпатува во Татарстан каде се сретна со Путин во момент кога е подложен на критики од Западот поради смртта на рускиот опозиционер Алексеј Навални кој умре во затвор под неразјаснети околности.
Во враќањето во Бања Лука Додик средбите во Минск и во Казањ ги опиша како исклучително важни и корисни и за тоа што треба да се преземе „ако некој ја загрози Република Српска“.
Кажа дека е среќен што се сретнал со Путин и притоа од него доби орден наречен по Александар Невски, а рускиот лидер го опиша како еден од најважните лидери на современиот свет. ја пофали Русија поради тоа што нејзината економија е во подем и оцени дека нејзината воена индустрија „остварува импозантни резултати“.
„Позитивниот однос на Путин кон Република Српска се покажа и овој пат“, кажа Додик додавајќи дека е задоволен и од некои нешта „за кои сега не може да зборува“ и за кои повеќе ќе се дознае подоцна.
Објасни дека со Путин разговарал повеќе од еден час за состојбата во РС и Русија при што Москва, како што кажа, го цени противењето на воведување санкции како и на влегувањето на БиХ во НАТО. „Нè охрабри да продолжиме тоа да го правиме“, кажа Додик.димир Путин нарекувајќи го голем државник и најави јакнење на односите со Москва.