ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Додик: Не е прифатлива најавата за засилено воено присуство на Британија во БиХ

Српскиот член на Претседателството на Босна и Херцеговина Милорад Додик изјави денес дека не е прифатлива најавата на британската амбасада во БиХ дека Британија би можела да го засили своето воено присуство во таа земја.

Додик истакна дека таквата најава сигурно нема да добие поддршка во Претседателството на БиХ.

„Сметам дека постоечкиот воен контингент во состав на мисијата Алтеа е сосема доволен и дека БиХ нема предизвици кои би барале дополнителни сили“, кажа тој, а пренесуваат медиумите на Република Српска.

Според него, никој од легитимните претставници на мировната мисија во БиХ не зборувал за потреба од нејзино проширување ниту за загрозена безбедност во БиХ, поради што не гледа причина за засилено британско воено присуство во земјата.

„Затоа е легитимно, а и логично да се сомневам во намерите на Британците, кои излегоа со оваа иницијатива, и тоа баш во година на избори“, истакна Додик. Вчера беше објавено дека британската влада разгледува начини на кои може повторно да го засили воениот ангажман во БиХ.

„Иако немаме планови за зголемување на присуството во поглед на учество во мировната операција, ги разгледуваме начините да го засилиме нашиот воен ангажман во БиХ, вклучувајќи билатерално и преку главниот штаб на НАТО во Сараево“, наведе британската амбасада во БиХ.

Од тој одговор, како што пишува Независне новине од Бања Лука, може да се заклучи дека војниците на таа земја не би се враќале во Еуфор, од кој излегоа по брегзитот, туку дека нивниот воен ангажман би можел да биде реализиран преку НАТО или со договор на Британија и БиХ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Можеби сте пропуштиле

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.