ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Договорот со Фронтекс на македонски јазик: за власта успех, за опозицијата нормална работа

„Договорот со Фронтекс што го потпишуваме денес е важен. Не само поради тоа што ја зајакнува нашата соработка во полето на миграција. Туку поради тоа што е преведен на македонски јазик. На исто рамниште со сите 24 јазици на ЕУ“ – оваа твитер објава на Урсула фон дер Лајен предизвика остри реакции во Бугарија, особено во националистичките кругови.„Срамното предавство на ГЕРБ, „Продолжуваме со промените“, ДПС и Демократска Бугарија ја легитимира лагата „македонски јазик“ – напиша на Фејсбук, бугарскиот европратеник од редовите на ВМРО-БНД, Ангел Џамбаски. Човекот познат по екстремно националистичките ставови кои често, освен негација на македонскиот идентитет содржат и територијални претензии, потпишувањето на Фронтекс договорот и на македонски јазик го нарече „срам и гостење на сметка на бугарската чест и достоинство“.

Чинот на потпишување на договорот за Фронтекс, прв документ со ЕУ во кој јазикот се именува како „македонски“, пак ги скара мнозинството и опозицијата во собранието.

„Овој договор за Фронтекс потпишан од владата со чист македонски јазик. Чист, без додавки и фусноти….“, изјави Јован Митрески од СДСМ.

„Нормално е дека од првата спогодба меѓу РМ и ЕЗ во 1996 па до денес се што потпишала Македонија е на македонски јазик. Или можеби овие новиве, како ги нарековте, пратеници ли предавници, говорат на некој нов македонски јазик. Ако вие имате некој друг чист македонски јазик, поинаков од оној кој го зборуваме, искрено ве жалам.“ изјави Никола Мицевски, ВМРО-ДПМНЕ.

„Македонскиот јазик ќе бил дијалект на бугарскиот. Тоа велевте во оваа сала. Прогласувате предавници и патриоти. Затоа излегов за да констатирам чист македонски јазик, без фусноти, без додавки, јазик на македонскиот народ – еднаков јазик со сите јазици на ЕУ.“изјави Јован Митрески од СДСМ.

Освен за тоа дали вчера потпишаниот договор, во присуство на врвот на Европската комисија, е успех или не, власта и опозицијата не наоѓаат заеднички јазик ниту за најавените уставни измени за вклучување на Бугарите – неопходни за продолжување во натамошните фази од преговорите со ЕУ.

„Ако мислат дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи овие уставни измени под овие услови и овие околности, тогаш еве јавно кажувам дека тоа нема да се случи. Ние имаме јасна позиција – нема да поддржиме уставни измени под овие услови.“, истакна Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon

Можеби сте пропуштиле

Британската и македонската Влада денеска во Лондон го потпишаа договорот за соработка. На договорот се потпишаа британскиот министер за извоз Гарет Томас и вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски, свеченото потпишување се одржа во историската зграда на Стариот Адмиралитет во Лондон. Со потпишувањето на овој документ, на Македонија ѝ се ставаат на располагање 5 милијарди фунти (6 милијарди евра) за финансирање на капитални проекти во повеќе стратешки сектори. „Стратешкото партнерство со Обединетото Кралство, го гледаме како нешто што ќе ја доведе Македонија до едно ново ниво. Денес потпишуваме Договор Влада со Влада за развојни-инфраструктурни проекти во клучни сектори, како што се: транспорт, образование, животна средина, информатичка технологија, како и други сектори кои што ќе ги развиваме, тука е здравството, но и образованието и ќе продолжиме да соработуваме во претстојниот период. Навистина сме благодарни што Обединетото Кралство, со својот Инструмент за поддршка на надворешно финансирање, постави рамка од 5 милијарди фунти, што е најголемиот договор што Македонија го потпишала во својата историја во однос на економијата. Навистина сме благодарни за тоа и ова го гледаме како одлична можност за целата држава да се развива. Веќе имаме три проекти кои што се подготвени. Тоа е проектот за брзата железница на Коридорот 10, здравствениот проект за болници и секако проектот за образование, за Медицинскиот факултет, а во претстојниот период ќе бараме нови проекти во секторите за енергетика и животна средина, но и други проекти секако“, изјави Николоски по потпишувањето. Министерот за извоз Томас рече дека ова партнерство „отвора ново поглавје во нашите билатерални односи со Северна Македонија“. „Велика Британија има богато искуство во испораката на висококвалитетна инфраструктура низ целиот свет и среќен сум што го започнувам ова ново партнерство што ќе им помогне на повеќе британски бизниси да извезуваат во Северна Македонија“, рече Томас. Од шесте милијарди евра финансиска рамка со Обединетото Кралство во првиот циклус од пет години ќе се повлечат околу 2,2 милијарди евра, изјави министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска во емисијата „360 степени“. „Две милијарди на пет години се по 400 милиони евра. Толку е годишното зголемување на јавниот долг по однос на овие инвестиции кои, од друга страна, ќе придонесат за раст на економијата. Никаде не пишува дека имаме задолжително повлекување на петте милијарди, а британската Влада гарантира дека Македонија кога ќе ги земе кредитите, ќе ги врати“, рече Димитриеска-Кочоска. Министерката рече дека таа не може да даде повеќе детали за парите, висината на каматата и се останато, се додека не добие готов проект на маса. „Ќе мора да седнеме и со министерот за транспорт да се разговара да каже кои се проектите и потоа ние како Министерство за финансии, покрај што ќе добиеме понуда од банката по процедурите од финансии, ќе си побараме понуда и од други меѓународни институции, затоа што тоа го налага законот. Така што, во овој момент не би можела да зборувам повеќе детали затоа што немам зрел проект пуштен во Финансии, врз основа на кој ќе барам понуда од повеќе банки и ќе излезам да кажам колку е точно каматата би било несериозно. Она што го знам и го имам како информација, се разговара за клинички во Штип, болница во Кичево и онаа брза пруга“, рече министерката Димитриеска-Кочоска.

Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.