ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

ДОАЃААТ КИНЕСКИТЕ ДИГИТАЛНИ ПАРИ: Ќе ги контролира државен апарат ама нема да бидат како криптовалути

Дигиталните пари на Кина може да се каже дека се довршени, а тоа значи дека наскоро би можеле да се најдат во оптек.

Тоа го соопшти Кинеската народна банка која информира дека кинеските дигитални пари “ChinaCoin” нема да бидат класична криптовалута, туку дека го развила Кинеската банка со поддршка на комерцијалните кинески банки, па не функционира како биткоин и сличните валути.

Иако Кинеската народна банка најави дигитална валута како голема работа за паричните трансакции во Кина, тоа не значи дека ќе ја создаваат „копачи“ и ќе осигурува алгоритми кои ќе и гарантираат независност, туку дека се работи за дигитални пари кои ќе ги емитуваат банките под контрола на државен апарат, на целосно ист начин како што во оптек го пушаат Јуанот, само што нема да го печатат.

Со оглед на прилично големата блокада на информации кои доаѓаат од Кина, деталите за тие дигитални пари не се познати, додека прчината за потегот на Народната банка на Кина се бара во незадоволството на дел од кинеската економија поради „пореметување на пазарот на пари кое го предизвикуваат криптовалутите“, односно шпекулантите кои тргуваат со нив.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.