ДКСК експресно го послуша СДСМ- веднаш отвори постапки за Мицкоски, на 2 дена пред изборите
Лидерот на најголемата опозициска партија Христијан Мицкоски на два дена пред изборите, дојде на дневен ред на антикорупционерите. Тие денеска експресно го послуша портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов и за неполни 24 часа откако тој вчера побара, антикорупцинерите отворија две постапки за претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Вчера Костадинов ја повика антикорупциска да ги испита сомневањата и да отвори постапка за Мицковски по допрен глас.
Од опозицијата велат дека ја поздравуваат експедитивноста на Комисијата и соопштуваат дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, стои на располагање за сите детали кои се поврзани со истрагата, но како што велат , ја охрабруваат антикорупциска да го испита и имотот на премиерот Зоран Заев како од просечно земјоделско семејство стигнал да вреди неколку милиони евра, како Заев го изградил „Глобал“ за што беше амнестиран, а Заеви стигнале до возен парк Бентли и Мајбах, посочуваат од партијата.
Како во духот на предизборна кампања од ДКСК денеска потсетија и на неколку застарени случаи со вработување на роднини на функционери во време на претходната власт, иако Антикорупциска како што и самата кажа не биле ненадлежни за тие случаи. Од комисијата ги отфрлија и сите приговори поднесени од опозицијата, каде тие тврдат дека имало прекршување на изборниот законик.