ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Дизелот од полноќ ќе поевтини за 1,5 денари, цената на бензините останува иста

Од ноќеска на полноќ цената на дизелот ќе поевтини за 1,5 денари за литар, додека цената на бензините нема да се менува, одлучи Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со донесената одлука се врши намалување на малопродажната цена на нафтените деривати во просек за 2,32 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 68 денари за литар, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 70 денари за литар. Со вкалкулираното намалување од 1,5 денари, дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) на бензинските станици ќе може да се набави по цена од 61 денар за литар. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 50,00 ден/литар.

Регулаторната комисија за енергетика одлучи да ја намали за 2,539 ден/кги малопродажната цена на мазутот М-1 НС, кој од ноќеска на полноќ ќе се продава за 37,885 ден/кг.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.