ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Македонија наскоро ќе добие 57 нови судии и јавни обвинители.

Тие беа дел од седмата генерција на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, а меѓу нив се и синови, ќерки, снаи и сопруги на функционери, актуелни и поранешни обвинители и судии.. Од положените, 27 се за јавни обвинители, а 30 за судии.

На списокот е и синот на собранискиот спикер Талат Џафери, Барлет Џафери, кој се споменуваше лани кога од Антикорупциската комисија објавија дека тој се здобил со право да полага правосуден испит пред да ги исполни потребните критериуми, односно да магистира и да се стекне со стаж од најмалку една година. На оваа листа е и Абдулена Абази, кандидатка за јавен обвинител и сопруга на шефот на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Ислам Абази, поради која тој се повлече од Управниот одбор на Академијата, каде беше предложен од Советот на јавни обвинители. Меѓу положените е и снаата на генералната секретарка на Собранието Цвентанка Иванова, сопругата на градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски, ќерката на пензионирата обвинителка Гордана Смаќоска, синот на поранешната обвинителка од СЈО, Елизабета Јосифоска, како и синот на судијата од скопска Апелација, Енвер Беџети, за кој Судскиот совет проверува зошто многу време го чувал во фиока случајот за масовното прислушување..

И покрај многуте коментари во јавноста за политичко-судски спреги, директорката на Академијата, Габер Дамјановска, за Канал 5 вели нема ништо спорно, бидејќи сите кандидати поминале низ опсежна обука и тестирања.

„ Јас длабоко верувам дека секој човек без разлика кое му е презимето си го покажува својот интегритет и професионална работа индивидуално, секое лице е одговорно за сопствените постапки и неговата работа, така да без разлика дали му е презимето познато или непознато ќе ги видиме овие млади луѓе како ќе ја извршуваат во иднина својата работа. Мислам дека треба да бидеме фер и да им оставиме простор да го видиме нивниот реален пероформанс.“изјави Наташа Габер Дамјановска – Директорка на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“.

Листата на положените кандидати сега ќе биде доставена Судскиот совет и Советот на јавните обвинители, а овие две институции ќе треба да распишат оглас и да почнат постапка за пријавуање на кандидатите. Со нив делумно ќе се надмине големиот недостиг на кадри, велат од двета совети.

Во моментов потребни се 100-тина обвинители и над 200 судии ширум државата, а нови дипломци од Академијата ќе има следната година. 8-та генерација има 97 слушатели, а во тек е постапка и за нови 130 кандидати.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.