ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Дете во САД убило крадец кој сакал да ја ограби баба му

Дванаесетгодишно дете застрела и уби еден од провалниците што упаднале во станот на баба му во амeриканската сојузна држава Северна Каролина, соопшти вчера локалната полиција.

Полициските службеници од станицата Голдсборо во саботата, нешто пред 1 часот по полноќ, одговориле на пријава за пукање на улицата Саут Вилијам. Тие пријавиле дека две маскирани лица упаднале во станот, барале пари и застрелале едно постаро лице. Лицето било идентификувано како Линда Елис (73), баба на момчето.

Момчето пукало кон натрапниците, принудувајќи ги да бегаат, пишува NBC News.

Провалникот починал во болница, бабата преживеа

Полицијата соопшти дека пронашла еден од крадците, Калил Херинг (19) во близина на раскрсницата со рана од куршум. Херинг и Елис биле пренесени во болницата, каде била констатирана смрт на Харинг. Бабата Елис е хоспитализирана со повреди, но не е во животна опасност.

Вториот провалник засега сѐ уште е во бегство, соопшти полицијата.

Се очекува дека нема да бидат покренати никакви обвиненија против момчето.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.