Десковска бара собраниска седница ако се достигне договор за СЈО
Министерката за правда Рената Десковска контра ставовите на спикерот на Собранието, Талат Џафери, кој истакна дека законот за јавното обвинителство ќе се гласа по претседателските избори. Десковска вели дека доколку се договори консензус за законот, тој треба што е можно побрзо да се најде пред пратениците, иако во тек ќе биде изборната кампања
Десковска соопшти дека ги разгледала аманданите што ги поднесе опозицијата. Тие таргетирале три групи на прашања: статусот на СЈО, доказите и судските постапки кои во момнетов ги води СЈО, и различните прашања во рамки на законот.
Неофицијално со амандамните, опозицијата бара сите обвинителства да имаат еднаква одговорност и ист буџет. Сите обвинители да имаат еднакави шанси за избор и државниот јавен обвинител да биде на врвот на хиерархијата во обвинителството со можност да ги распредели предметите за кои обвинителите не си ја завршиле работата.
За предлог законот за јавното обвинителство се изјасни и шефот на Делегацијата на Европската Унија, Жбогар кој вели дека од огромна важност е СЈО да продолжи со гонењето на сторителите на криминал, и тоа да го прави на професионален начин и независно.
Законот за јавно обивнителство се носи со двотретиснко мнозинство во Собранието.