ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Денеска нова средба Заев – Гаши

Денеска во 14 часот во Клубот на пратеници повторно ќе се сретнат премиерот Зоран Заев и лидерот на Алтернатива Африм Гаши на која ќе се договараат детали за можен влез на партијата во Владата и за обнова и зголемување на парламентарното мнозинство на оваа власт. Од Владата велат дека и по оваа средба не се предвидени изјави за медиумите, што би значело дека денеска не се очекува конечен договор. Од Алтернатива вчера го демантираа пишувањето на некои медиуми дека Гаши од Заев барал три министерски и едно вицепремиерско место.

За конкретна распределба на ресори и позиции во Владата при евентуален договор за влез во власта, не е разговарано на втората средба меѓу претседателот на Владата Зоран Заев и претседателот на Алтернатива Африм Гаши“, велат од Алтернатива.

По покана од премиерот, Гаши имаше средба со Заев на 19 ноември, кога и двајцата лидери одржаа прес – конференција, а втората средба се одржа завчера, кога од Владата беше издадено само соопштение.

Во кусото владино соопш

тение беше кажано дека начелно бил договорен програмскиот дел од можната идна соработка на Алтернатива во Владата и дека консултациите за кадровските решенија се во тек. Тогаш беше најавено и дека по консултациите во партиите ќе следи и нова работна средба со тимовите.

На досегашните две средби премиерот Заев беше придружуван од заменик-министерот за финансии Димитар Ковачевски, а лидерот на Алтернатива Гаши од партискиот генерален секретар Беким Сали. Ковачевски за Заев важи за фаворит за нов лидер на СДСМ и мандатар за нова Влада, а самиот Ковачевски најави кандидатура на изборите што ќе се одржат во партијата за нов претседател на СДСМ.

По првата средба, Централното претседателство на Алтернатива го овласти Гаши да почне разговори со сите политички актери, со премиерот и со евентуалниот нов мандатар за да се види каков е нивниот концепт за излез од политичката криза, додека на седницата на Централниот одбор на СДСМ, што се одржа истиот ден, беше констатирана оставката на Заев од лидерската позиција во партијата, но, му беше даден легитимитет да ги води преговорите за парламентарно мнозинство.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.