Дендиас: Со Хафтар имаме исти позиции за потпишаните меморандуми меѓу Триполи и Анкара
Позициите на Хафтар за меморандумите меѓу владата на Триполи и Турција се совпаѓаат со нашите, дека се невалидни меморандуми кои им штетат и на Либија и на поширокиот регион, рече шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас по посетата на Бенгази и средбата со лидерот на Либиската национална армија, генералот Калифа Хафтар, јави дописничката на МИА од Атина.
Дендиас и Хафтар, на средбата на која присуствувал и специјалниот претставник на грчкото МНР за Либија, амбасадорот Лазарис, разговарале за ситуацијата во Либија и можностите за решавање на кризата, ни и за двата меморандуми што минатиот месец ги потпишаа владата на Трипол и Турција.
–Со особено задоволство ги слушнав неговите позиции за ова прашање, кои се совпаѓаат со нашите, односно апсолутна невалидност на конкретните меморандуми и колку се тие штетни и за народот и за општеството во Либија и секако за стабилноста во регионот, рече Дендиас.
Како што соопштуваат од грчкото МНР, министерот за надворешни работи на Грција, на Хафтар му ги претставил грчките позиции за меморандумите, „истакнувајќи го фактот дека содржината е целосно спротивна на меѓународното право и на меѓународното морско право”.
По посетата на Бенгази рано утрово, Дендиас замина за Каиро каде што
се сретна со неговиот египетски колега Самех Шукру, со кој разговарале
за посетата на Либија.
Од Каиро, Дендиас ќе замине за Ларнака, на средба шефот на кипарската дипломатија Никос Христодулидис.