Дендиас: Драматично подобрени односите меѓу двете земји во последните месеци/
Грчкиот министер за надворешни работи пристигна во Скопје со поддршка за македонските евроинтеграциии, но и со констатација дека сдносите мегу двете земји се драматично подобрени благодарение на прспанскиот догвор. Дендиас сепак има забелешки за динамиката на имплементацијата на догворот, но нема коментар зошто не сесменети имињата на патоказите во Северна Грција.
-И во Северна Македонија постојат сериозни доцнења. Разговаравме искрено, како и секогаш со господинот Димитров. Постои амбасадор кој е одговорен за имплементација на договорот, во таа смисла одиме напред. Имаме долгорочна стратешка цел, влез на Западен Балкан во ЕУ. Услуга не може да се направи никому, како ние го поминавме овој тест, така и останатите треба. Северна Македонија ја има поддршката од некој кој го поминал овој пат. Ние ѝ нудиме на Северна Македонија секаква соработка. Грција е тука за да помогне секаде каде што може“,
Димитров и Дендиас очекуваат преспанскиот договор да продолжи да се имплементира и по изборите во македонија во април.
„Без разлика на предвремените избори, во согласност со самата содржина и текстот на Дговорот од Преспа, дали опозицијата има ист став е повеќе прашање за нив. Битно е да се знае дека Договорот е дел од нашиот систем. Договорите мора да се почитуваат.
Сепак прашањето за трговски ознаки и брендови мегу двете земји се уште останува отворено. Димитров и по промоцијата на брендот Macedonia the Great во Грција, се надева дека проблемот може да се реши со во рамкте на мешовитата експертска комисија која наскоро ке се состане.
– Тука многу важно е во добра мера да имаме разбирање и почит за грижата на другата страна. Ако тоа успееме да го направиме мислам дека и двете држави ќе бидеме големи, рече Димитров, запрашан за промовирање на брендот Macedonia the GReat во Грција.
Грчкиот шеф на дипломатијата по средбата со премиерот Заев и престедателот Пебдаровски ке отпатува за Албанија, каде ке понуди помош за настраданите во земјотресот.