ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Делта сојот се шири во Грција, бројот на заразени расте со голема брзина

Забава на отворено во Атина за прослава на крајот на учебната година скапо ги чинеше младите учесници.

Над сто од нив се заразиле со делта сојот од корона вирусот, и во изминатите 24 часа здравствените власти регистрираа 1797 новозаразени, од кои најголемиот дел од нив се од забавата која се одржала во познат бар на плажа. Регистрирани се и осум починати.

Бројот на нови случаи на коронавирус во Грција расте со голема брзина, а заразниот делта сој особено се шири кај младите, кои ги користат топлите денови неконтролирано да се собираат и да уживаат на плажите.

Просечната старост на новозаразените е 27 години, а над 30 отсто од нив се заразиле на собири на отворено.

Властите од регионот Атика велат дека сезоната почнала добро, со сите протоколи во кафе баровите, но сопствениците на кафулињата едноставно не можат да ги сопрат луѓето да танцуваат и да ја одржуваат дистанцата, кога ќе почне гласната музика, за која велат не можат со акон да им ја забранат.

Затоа од утре се најавени нови рестрикции.

Сите кафулиња, ресторани, барови и клубови ќе можат да работат само ако имаат обезбедени места за седење.

Здравствените власти велат дека делта сојот станува доминантен и ги повикаа младите да се вакцинираат.

Премиерот Мицотакис пак најави дека на граѓаните под 26 години ќе им се плаќа 150 евра на припејд картичка, кои би можеле да ги користат во слободно време.

Ќе ги покрие трошоците за патување, хотелски трошоци, влезови на културни настани, концерти, кина, тетари, музеи. Тоа е едно мало благодарам од грчката држава, со единствена обврска од ваша страна за што сум сигурен дека и онака ќе ја извршевте: да се вакцинирате за да се заштитите себеси и оние кои ги сакате” – изјави грчкиот премиер, Кирјакос Мицотакис.

Делта варијантата забрзано се шири и нив Европа.

Во Шпанија и Португалија за влез во диско ќе мора да покажете дека сте вакцинирани, а за време на престојот заштитната маска не смее да се симне од лицето.

Делта сојот на затворено е за 60% попренослив, што значи дека еден може да зарази седум луѓе.

На отворено, истиот се пренесува за 40% побргу. Лабораториските студии велат дека вирусот може да лебди во воздухот во форма на аеросоли, дури и до 16 часа, па затоа проветрувањето на просториите е од големо значење.

Во споредба првиот вид ковид, кога беа потребни 15 минути директен контакт за да се заразите, сега со делта сојот се потребни 15 секунди.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.