ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Делта сојот на коронавирусот е подеднакво пренослив како и малите сипаници

Делта сојот на коронавирусот е подеднакво пренослив како и малите сипаници, јавува Њујорк Тајмс, а се повикува на извештајот на Американскиот центар за контрола на болести. Новото истражување вели дека делта сојот веројатно е и посилен од заштитата што ја даваат вакцините. А  вакцинираните луѓе кои се заразиле со Делта сојот, носеле огромни количини на вирусот во носот и во грлото, што го прави попренослив од САРС, од ебола и од големи сипаници.

Но, за да се спречи смртниот исход, државите ја менуваат стратегијата за да ги убедат луѓето да се вакцинираат, но и за да ги почитуваат мерките. На улиците во Сиднеј до 28 август на улиците ќе патролира војската за да контролира дали карантинот целосно се спроведува. Против карантинот се голем дел од Австралијците кои за утре закажаа масовни протести. Властите ги повикуваат луѓето на разумно однесување.

ВАШИТЕ ПОСТАПКИ ЌЕ БОЛАТ, ЗАБОРАВЕТЕ НА СИТЕ НАС, НО БОЛЕСТА МОЖЕТЕ ДА ЈА ОДНЕСЕТЕ ДОМА И ДА ЈА ПРЕНЕСЕТЕ НА ВАШИТЕ РОДИТЕЛИ, БРАЌАТА И СЕСТРИТЕ, ИЛИ НА НЕКОЈ КОНТАКТ ОД РАБОТА. НЕ ИМ ИЗРЕКУВАЈТЕ СМРТНА ПРЕСУДА НА ТИЕ ШТО НАЈМНОГУ ГИ САКАТЕ, ИЗЈАВИ ГЛЕДИС БЕРЕЈИКЛИАН, ПРЕМИЕР НА НОВ ЈУЖЕН ВЕЛС

И Американците одбиваат вакцина. Претседателот Бајден им порача на невакцинираните сограѓани да се освестат и да сфатат дека оваа земја е благословена да има милиони вакцини, и според Бајден срамно е да не се почитува тој благослов. За секој вакциниран Американец ќе се одвои по сто долари, а за бранителите на земјата вакцинацијата станува задолжителна. А сите кои сакаат некаков контакт со неговата администрација, треба да е вакциниран.

ОД СЕКОЈ ВРАБОТЕН ВО ВЛАДАТА ЌЕ БИДЕ ПОБАРАНО ДА ГО ПОТВРДИ СВОЈОТ СТАТУС ЗА ВАКЦИНАЦИЈА. СЕКОЈ ШТО НЕМА ПОТВРДА ИЛИ НЕ Е ВАКЦИНИРАН ЌЕ МОРА ДА НОСИ МАСКА, БЕЗ ОГЛЕД КАДЕ РАБОТИ. ЌЕ СЕ ТЕСТИРАТЕ ЕДНАШ ИЛИ ДВАПАТИ НЕДЕЛНО ЗА ДА СЕ ВИДИ ДАЛИ СТЕ ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД, ПОРАЧА ЏО БАЈДЕН, ПРЕТСЕДАТЕЛ НА САД 

Патувањата кои летото ги овомзожи во Европа предизвикаа неконтролирано ширење на делта сојот, но не заостануваат ниту првите соеви алфа и бета. Над 50% од заразените Британци кои се вратиле од одмор во Франција биле инфицирани со британскиот сој. Олимписките игри во Јапонија дополнително придонесоа за растот на инфекцијата. Властите во Токио се плашат дека наскоро болниците повторно ќе се преполнат. Инфекциите со корона најмногу се случувале кога луѓето патувале или се на одмор, се вели во најмновиот извештај на институтот Роберт Кох, од каде е направена и листа на најризични европски држави. Првите пет места ги делат Шпанија, Турција, Холандија, Хрватска и Грција.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.