ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Делегација на СДСМ положи цвеќе и оддаде почит на првиот претседател Киро Глигоров

По повод деветгодишнината од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на неговото вечното почивалиште, се наведува во партиското соопштение. 

По повод деветгодишнината од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, делегација на СДСМ претставена од претседателот на СДММ, Марко Михаилоски и пратеничката од СДСМ, во Собранието на Република Северна Македонија, Даниела Маркоска, денеска оддаде почит и положи цвеќе на неговото вечното почивалиште.

СДСМ и сите граѓани со особена почит се сеќаваат и ги вреднуваат државните достигнувања на претседателот Глигоров кој го отвори европскиот пат на земјата.

Заложбите на претседателот Глигоров за напредок на државата, неговите државнички политики, изградија значајни пријателства, отворија соработка и создадоа заедништво, со што јасно ја постави насоката и го зацрта патот на интеграцијата и развојот, којшто денес со гордост го продолжуваме.

Претседателот Глигоров беше почитуван политичар и државник во регионот и светот, чие искуство и мудрост и денес се вреднуваат и ценат.

Тој е претседателот кој ја зачува својата татковина безбедна, далеку од виорот на војната и успеа да ја постави на вистинскиот пат.

СДСМ како одговорна и државничка партија којашто се води од интересите на граѓаните и државата, останува цврсто определена да ги негува и спроведува вредностите што претседателот Глигоров ги остави зад себе.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.