ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Двојно самоубиство во штипско

Две самоубиства, на момче и девојка кои се случија во рок од 24 часа го потресоа штипско-карбинскиот регион. 25 годишното момче вчера си го одзеде животот на локалитетот „Баргала“, а утринава се самоуби девојката од селото Аргулица на 22 годишна возраст.

Портпаролоката на СВР-Штип, Гордана Панајотова за „360 степени“ вели дека пријавата за самоубиство на девојката ја добиле денеска изутрина. Покрај телото на девојката е пронајдено и проштално писмо.

„Добивме пријава во 9:20 часот од страна на Итната медицинска помош за пронајдено женско тело во семејна плевна во селото Аргулица. Извршен е увид на местото, а јавен обвинител наредил и обдукција на починатата девојка“,

вели Панајотова.

Телото на момчето, пак, било пронајдено синоќа околу 23 часот во близина на архелошкиот локалитет.

Според неофицијални извори од полицијата двата случаја се поврзани – момчето и девојката биле во љубовна врска.

Како што објави МИА, повикувајќи се на сведочења на локалните жители, момчето и девојката биле во врска на која се противело едно од семејствата. Порталот СДК.МК пак, повикувајќи се извори од Јавното обвинителство објави дека младите биле сопружници кои откако се разделиле не живееле заедно.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.