ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Двојно поскапува паркингот во Скопје – еден час ќе чини и до 200 денари

Двојно поскапи цени за паркинг во Скопје во услови на зголемена загаденост. Онаму каде што сегашната цена изнесува 35 ќе се плаќа 70 денари, зоните каде што се наплаќа 45 денари паркирањето ќе поскапи на 90 денари, а најскап ќе биде паркингот на Водно и на улицата Максим Горки каде паркирањето наместо 100 ќе изнесува дури 200 денари за еден час. Ваква одлука донесоа советниците во Град Скопје на предлог на градоначалнникот Петре Шилегов. Одлуката за поскап паркинг ќе се воведува кога два дена по ред штетните честички во воздухот ќе бидат над 200 микрограми на кубен метар.

Исто така вработените во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ отсега за месечна карта за паркирање на паркингот во кругот на болниците ќе плаќаат 800 денари. Досега тие имаа повластена цена за паркирање од 300 денари.

Зошто тие од Клинички да плаќаат 300 денари за месечен билет, а сите останати правни лица по 800 денари. За вработените во болниците ЈП ”Градски паркинг” има издадено 1.500 месечни билети, а има само 670 паркинг места. По цели денови возила стојат паркирани, а болни луѓе умираат на паркинг бидејќи нема каде да се паркираат, вели Шилегов.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.