ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Дачиќ со прашање до Хрватите и Босанците: Како ќе забраните Република Српска да прогласи независност?

Министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ изјави дека претставниците на Хрватите и на Бошњаците во БиХ работат директно против нивните интереси со гласањето за независност на Косово, бидејќи во тој момент исчезнуваат аргументите против независноста на ентитетот Република Српска.

Тој притоа уште еднаш го доведе во прашање интегритетот на Република Српска.

– Со тоа што сакаат да го признаат Косово, тие работат директно против себе. На тој начин, тие губат аргумент со кој некој би можел да го оспори правото за независност на Република Српска. Ако вие сега издвојувате една покраина, по кој основ ќе забраните на еден ентитет во БиХ да прогласи своја независност“, изјави Дачиќ за ТВ „Пинк“.

Please follow and like us:
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.