Дали Јовановски открил нови играчи во „Рекет“- Русковска демантира, опозицијата бара одговори
Обвинителството да одговори на прашањата кои се отворија по серијата текстови во медиумите во кои со случајот Рекет се поврзуваат високи државни функционери, нивни роднини, новинари и професори побара денеска опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бараат одговори, дали последното сведочење на Боки 13 конечно ја разоткрило шемата како што велат државната мафија во Македонија
За СДСМ обвинувањата се перфидни лаги на како што велат спрегата на опозицијата со одредени медиуми. Заканувајќи се со тужби од власта порачаа дека Мицкоски нема да дојде на власт.
„Tешки, перфидни лаги и клевети се тврдењата дека претседателот Зоран Заев или било кој од неговото семејство или некој од неговите соработници биле вмешани во случајот во јавноста познат како Рекет.
Сосема спротивно, токму претседателот Заев прв го има пријавено случајот и токму тој постојано бара тој случај до крај да биде расветлен.“ – стои во реакцијата на СДСМ
Од обвинителството за Сител велат дека Јовановски не кажал ништо. Потврдуваат дека сведочел цели 11 часа но во нив, како што вели обвинителката Рускоска немало ништо освен пријава на закани од непознати лица во како што вели, непознати ситуации.
Сепак, сведочењето на Јовановски веќе втор ден е топ тема во
македонскиот медиумски етер Дел од медиумите повикувајќи се на свои
извори во обвинителството објавија дека Јовановски во своето сведочење
пред Рускоска детално објаснил како функционирала рекетарската шема.
На текстовите се надоврза и новинарот Бранко Героски кои преку своите колумни практично ја откри аферата „Рекет“
„Се надевам дека нема да се лутите што нема да ги именувам овие луѓе, но јасно ќе посочам на нив – тоа се блиска соработничка на Заев од врвот на СДСМ, многу близок советник на Заев од една странска земја, познат интелектуалец и познат лик од 1ТВ кои ги воспоставуваат линковите меѓу Боки и Катица, а најстрашно од сѐ, многу близок човек на Зоран Заев, кој ги менаџира и ги контролира сите поголеми бизнис зделки во земјава. Конечно, останува отворено прашањето дали целата операција е водена со дозвола на Заев, или и Заев бил само „изманипулиран“.“ – пишува Героски порачувајќи дека обелоденувањето на новите искази на Боки13 но и останатите обвинети ќе дадат ново светло на целата афера.
Прв на социјалните мрежи реагираше Сашо Ордановски кој јавно го праша Героски дали тој е ликот од 1ТВ за кој пишува во своите колумни. На ова Героски одговори дека во време кога случајот Рекет е во фаза на можно дополнување на обвинението, тој никого не сака да инкриминира, посочувајќи дека истрагата ќе ги даде сите одговори.