ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Дали од 1 јули е можна евтина дневна тарифа на струјата?

Една лоша и една добра вест ги очекува граѓаните од први јули.Вицепремиерот за економски прашања Битиќи во телевизиско гостување кажа дека се поизвесно е дека граѓаните повторно ќе имаат можност да ја користат ефтината тарифа за струја по два часа во денот, но откри и дека при крај се анализите и се позивесно е дека ДДВ-то на сметките ќе се зголеми од 10 на 18%, како што е предвидено.

„Ние пред година ипол кога донесовме мерки за ублажување на последиците од кризата, една од нив беше намалување на ДДВ-то, и тогаш најавивме дека постепено ќе се врати затоа што не сакаме да нанесеме поголема штета на приходната страна во буџетот. Се прават последни анализи дали ќе остане на стапката од 10% или може да се врати на 18, без притоа товарот да падне на граѓаните. Анализите се при крај.“ кажа Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.

Повластената стапка од 5% се воведе во јуни 2021та година, со цел да се заштитат граѓаните од ценовен шок поради енергетската криза а во јануари годинава се качи на 10%. Домаќинствата тогаш добија и пониски цени во првите два блока, но повисоки во третиот и четврт блок.

Сепак, каква струја ќе плаќаат граѓаните од 1ви јули, клучно ќе биде по која цена ЕСМ ќе ја продава произведената струја на ЕВН Хоум, но и колку ќе произведат домашните капацитети. Оттаму велат дека анализите за цената се при крај и ќе ги достават до Владата на 6ти јуни, која потоа на затворена седница ќе ја донесе конечната одлука.

Во меѓувреме дел од енергетските компании веќе ги доставија до РКЕ пресметките за трошоците кои се клучни при формирање на новите цени за струјата во тарифникот.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.