ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Дали горивата драстично ќе се зголемат или намалат, зависи од Пендаровски

Денеска, 8 мај, завршува дваесетгодишниот договор со скопската рафинерија „Окта“, со кој РКЕ имаше обврска пресметката на цената на горивата да ја утврдува по утврдена методологија. Но веднаш по победата новиот претседател Стево Пендаровски, кој треба да биде инаугуриран в недела, на 12 мај годинава, посочи дека уште првиот работен ден тој ќе ги потпише сите закони кои досега не беа потпишани од досегашниот претседател.

Дали горивата од идната недела драстично ќе поскапат или поевтинат? Одговорот ќе го знаеме по 12 мај.

По првомајските празници на 30 април годинава за последен пат беше донесена одлуката за цената на горивата што се точат на бензинските пумпи низ државата, методологија која се применува речиси од формирањето на Регулаторната комисија за енергетика. Досегашната методологијата беше поврзана со Анексот на договорот за продажба на ОКТА, при што дел од формирањето на цената на горивата се земаше предвид цената на Светските берзи на чистата бренд нафта и курсот на доларот во однос на еврото.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.