ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Грчкото МНР со реакција на изјавата на Мицкоски дека „македонското прашање“ не е затворено

Македонското прашање е решено дефинитивно и неотповикливо – вака грчкото МНР реагираше на последните изјави на премиерот Мицкоски од Њу Џерси.Македонското прашање е решено дефинитивно и неотповикливо – вака грчкото МНР реагираше на последните изјави на премиерот Мицкоски од Њу Џерси, кој на средба со македонската дијаспора порача дека македонското прашање треба конечно да добие своја разврска бидејќи тоа според него, не е решено и со векови тлее. Атина ја нарече провокација изјавата на Мицкоски во која очигледно препозна порака дека спорот за името со Грција не е завршен. Од таму потсетуваат и дека идниот напредок во билатералните односи со земјава и непреченото продолжување на европскиот курс на Македонија предвидувало целосно почитување на Договорот од Преспа и воздржување од декларации и барања на сметка на соседните земји.

„Премиерот на Македонија во своите изјави во Њу Џерси, САД избра да зборува за „нерешеното“ и „постоечкото“ македонско прашање. Овој факт е предизвик за Грција, обидувајќи се да го врати на преден план едно прашање што е решено, како што знаеме, дефинитивно и неотповикливо“, стои во соопштението на грчкото МНР.

Од македонската влада пак, прашани денеска за реакцијата на грчкото МНР, велат дека немаат што да додадат на тоа што премиерот Мицкоски веќе го кажал во САД, од каде меѓудругото, порача битката за Македонија треба да се води и дома и надвор.

-Ќе треба да победуваме и тука во Вашингтон и во Њујорк и во Брисел и во Берлин и во Лондон и во Париз и во Рим и во други светски метрополи, ако сакаме македонското прашање конечно да добие своја разврска, бидејќи тоа не е решено, тоа со векови тлее и трае и сѐ уште постои,- – Христијан Мицкоски – Претседател на владата.

Грчките власти до сега во повеќе наврати реагираа и бараа од државниот врв да се придржува до користење на уставното име. Сепак, и шефот на дипломатијата Муцунски и премиерот Мицкоски и претседателката Сиљановска, во неколку наврати порачаа дека Преспанскиот договор го сметаат за реалност која се почитува, но и дека имаат право да не ја користат придавката на името за време на јавните обраќања.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.