ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Грчки правила за ковид-19 во туристичка сезона

Ако во хотел се појави заболен со ковид-19, само тој и блиските одат во карантин, но не и целиот хотел

Доколку во хотел или во туристички објект се појави позитивен случај на ковид-19, хотелот ќе продолжи да функционира и нема да биде ставен во карантин, изјави епидемиологот Никос Сипсас за грчката телевизија „Скај“, пренесе МИА од Атина.

„Ако имаме позитивен случај во хотел, ќе се лоцира согласно со оперативниот план, потоа пациентот ќе биде изолиран, ќе се пронајдат контактите и само блиските контакти ќе бидат во карантин во хотелот. Но, хотелот ќе продолжи да функционира“,

ги објаснува правилата грчкиот епидемиолог.

Тој вели дека е очекувано да се појават увезени случаи на новиот коронавирус во текот на летото на различни туристичките дестинации, но тврди дека ситуацијата ќе биде под контрола.

Во однос на вториот бран, оцени дека нема да биде во текот на летото, туку на есен.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.