Грција ќе дозволи престој на туристи од нашата земја без тестирање и карантин
Грција своите први туристи оваа година ќе ги прими од 15. јуни, а на листата на гости ќе се најдат и нашите патници кои што ќе можат да патуваат во оваа земја.
Грчката телевизија „Скај“ објави 19 земји на кои Грција ќе им дозволи влез во земјата без карантин и тестирање, меѓу кои е и Северна Македонија.
Освен нашата земја, на листата се најдоа и Кипар, Израел, Кина, Јапан, Австралија, Норвешка, Данска, Австрија, Бугарија, Србија, Романија, Албанија, Полска, БИХ, Унгарија, Словачка и Чешка.
Ве молиме следете не и стискајте лајк: