ТЕЛЕВИЗИЈА ЕДО

СЕКОГАШ СО ВАС

Грција утре гласа – Ципрас се надева на пресврт

Brussels, Belgium, March 13, 2015. -- Greek Prime Minister Alexios Tsipiras is talking to media with the President of the EuropeanParliament (Not pictured) at the end of a bilateral meeting in the European Parliament., Image: 226620526, License: Rights-managed, Restrictions: Not available for license to or for use in Thailand. For multi-territory license please contact your Corbis Account Representative., Model Release: no, Credit line: Profimedia, Corbis

Мерките за штедење се веќе минато во Грција, но владата на Ципрас на утрешните избори по се изгледа ќе го плати цехот за Преспанскиот договот. Десницата игра на картата на национализмот, иако, како што велат познавачите, уште во 2005 прифатила име со терминот Македонија.

„Во натпреварот е можен пресврт“ ова е пораката од вчерашниот митинг на Сириза на плоштадот Синтагма во Атина. Цепрас рече дека присуството на граѓаните на митингот им дава одговор на сите оние кои вечерта на евроизборите „побрзаа да шијат костими за власт“. Поддржувачите на Ципрас сметаат дека тој запиша во историјата со потпишувањето на Преспанскиот договор, сега Грција на северната граница има „земја пријател и сојузник, а не непријател“.

  • Патриотизмот всушност значи решавање на проблемите. Патриотизам е да ја направите вашата земја посилна. Патриотизам значи подобрување на вашата положба во странство и да ја заштитите од вистинските закани од вистинските непријатели, рече на митингот Алексис Ципрас.
  • Главната причина поради која сме ние тука денеска е да дадеме поддршка на новиот начин на водење на политиката против оние кои ги поставија правилата и целите за многу години. Се обидуваме да ги обновиме нашите животи, вели Панос Мицис, граѓанин.

Неговиот политички ривал ветува раст на БДП, очекува оживување на средната класа но, Ципрас ги открива неговите црни дупки во пензиските фондови.

  • Им се обраќам на пензионерите- господинот Мицотакис и Нова демократија планираат промени во социјалната политика кои се создадат црна дипка во пензиските фондови. Тие ќе ги покријат тие дупки со кратења на пензиите. Тоа се кратенања кои оваа влада ги избегна на 1 јануари 2019. И сето тоа ќе влијае врз манаџирањето на милјадри приватни компании, рече Алексис Ципрас.
  • Ако порасне БДП-то, платите исто така ќе се растат. Минималната плата ќе се зголемува двојно побрзо од стапката на БДП. За три години конечно ќе достигне 730 евра. Мојата цел е да се оживее средната класа, истакна Киријакос Мицотакис, лидер на Нова демократија.

Најголем дел од грчките граѓани по остварување на своето гласачко право утре ќе одат плажа, но очекуваат пред се финансиска стабилност.

  • За мене најважно е да се најде работа за младите луѓе, да се намалат даноците фактички постои можност за нормализирање на нашата земја. Тоа е за мене најважна работа. Земјата мора да се врати во нормала, бидејќи до сега бевме закопани до гуша со мерките за штедење, вели Адонис Николопулос, граѓанин.

Анкетите на јавното мислење на утрешните избори во Грција, предвидуваат победа на Нова демократија која предничи со девет односно 11% пред СИРИЗА. Лидерите на грчките политички партии се насочени кон неопределените и кон излезноста не престануваат  повиците кон граѓаните масовно да излезат да гласаат.

Ве молиме следете не и стискајте лајк:
error
fb-share-icon
Copyright © Едо телевизија. | Newsphere by AF themes.